Пропустите во истрагата за убиството на Панче, чинеа живот. Останува отворено прашањето зошто возилото на Панче се движеше слободно по скопските улици и доведе до ново убиство, овој пат на Вања – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението испратено до медиумите прашуваат:
Спасовски обвинува, и е во паника затоа што нема или се плаши да го каже одговорот на прашањата дали возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања било на скопските улици 3 дена пред да биде киднапирано девојчето? И зошто не е распишана централна објава за возилото, за истото веднаш преку Системот Сејф Сити да се детектира и пронајде, а со тоа и да се пронајдат убијците на Панче?
Доколку Спасовски одговори на овие две прашања, и нему ќе му стане јасно каде е пропустот, но очигледно тоа го плаши.Возилото и Панче се пријавени за исчезнати и за тоа пишуваа и медиумите веднаш. Зошто МВР на Спасовски не постапуваат е нејасно.