„За јавнота да се смири, мора да и се дадат одговорите“, изјави Светлана Николоска во „Клик Плус“.

Професорката од факултетот за безбедност кажа дека е нејасно зошто осомничените се решиле на ваков чекор, кога станува збор за непрофесионални во таа област и што мислеле кога прават ваков грозоморен чин.

„Кај нас нема смртна казна за вакви дела, туку доживотен затвор. Убијците многу траги оставиле. Некогаш и професионалци убијци оставаат траги, а овие се далку од професионалци. Требало да им стане јасно дека ќе бидат откриени, дека оставиле многу траги“, изјви Николоска.