-Секоја година имаме се помалку договори за откуп на тутун. Тоа е резултат на увозот на тутун кој го дозволи СДСМ, што ја урна цената на домашниот, но и го намали откупот во целост. Дека постои увоз на тутун говори и поранешниот министер Трајан Димковски, сегашен заменик, кој во свои настапи и пишувања признава дека се увезува тутун. И сето тоа додека домашниот се уште не откупен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Георгиевски.
-Доколку минатата година беше договарен откуп за целото производство, тогаш од каде се појавија 1.5 милиони килограми неоткупен тутун? Од каде вишок ако се било договорено?
СДСМ наместо да лаже и манипулира со граѓаните нека каже колку тутунари останаа без договори оваа година, поради што повикале второстепена комисија?, прашуваат од Белата палата.
Кризата во земјоделието што СДСМ ја создаде е целосно вештачка создадена од нивната неспособност, додаваат оттаму.