Петровска да одговори дали Мајорот Д. П. од струмичко е официрот вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат, и кој лобирал тој да биде пратен?!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Министерството за одбрана пратило на мисија пред неколку месеци официр, Мајор Д.П. по потекло од струмичко на мисија на КФОР во Косово?

Штетата која е нанесена врз министерството со овој чим е над 50.000 евра, за плати на официрот и логистички трошоци.

Официрот без НАТО сертификат не можел да извршува задачи од важност на мисијата, и се доаѓа до заклучок дека единствено што можел истиот да работи е да спортува.

Петровска и Ковачевски да одговорат зошто се праќаат лица на мисии без да поседуваат НАТО сертификати? И дали се свесни дека со ваквите дејствија и штетат на Алијансата?

За чии интереси работат Петровска и Ковачевски?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.