Пиунот Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, реагираат од ВМРО ДПМНЕ
Во продолжение соопштението
Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%.
Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари.
Стандардот е нагризен уште од порано. Димитар Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува.
Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари.
Лошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикаа. Потребни се реални промени, а тоа е можно само со предвремени парламентарни избори и нова влада.