Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места, истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти.
На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%.
На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.
Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните, вели Петрушевски.
