Предавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Ковачевски спротивно на волјата на народот го турка предлогот за бугаризација.

-Во тоа свое предавство сака да ги вовлече и пратениците од СДСМ кои во Собрание треба да ја гласаат информацијата. Предавникот Ковачевски игнорира народ кој секојдневно излегува на улица и кажува НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација. Предавникот Ковачевски е подготвен да го жртвува јазикот, историјата и идентитетот. Власта свесно ја понижува државата, и жртвата на народот во Втората светска војна и Илинденците, кога сме биле на вистинската страна на историјата. Ковачевски сака да ја ретушира историјата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За ваквиот однос, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на предавникот Ковачевски кон државата и народот ќе има одговорност. Ковачевски треба да знае дека ќе одговара за сите злодела кои ги направил. Одговорност ќе има.