– Случајот што го отворате покажа колку нашата држава се променила. Новинарите поставуваат дури и нелогични прашања, но никој не ги критикува за тоа. Медиумите можат да критиквуаат и многу ретко одлучуваат тоа да не го прават. Она што е најважно, никој не е над законот, изјави Шекеринска

Радмила Шекеринска со други зборови не сака да ја прашуваат што правела во домашна атмосфера со рекетарите Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, згора на тоа таа не е повикана ниту во суд, а уставобранителите се во затвор, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста на однесувањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Од партијата потсетуваат дека Шекеринска, Катица Јанева и Боки 13 разговарале за Законот за јавни обвинители.

-Што има Шекеринска да разговара за закон со Боки 13?! Тој ниту е професор, ниту експерт! Не држат вода обидите на Шекеринска да се испере за нејзината блискост со Катица Јанева и Боки 13, за кои од снимки видовме дека се среќавале во домашна атмосфера. Катица Јанева и Боки 13 узурпирајќи ја моќта на СЈО и власта на Заев и Шекеринска правеле терор врз бизнисмени и изнудувале милиони. Свесна ли е Шекеринска колку мака предизвикале Јанева и Боки 13, кои видовме како се дружат со неа?

Случајот Рекет е еден од најголемите скандали во Македонија, а во него се вмешани Заев и Шекеринска. Боки 13 лично кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, додека Шекеринска сите ја видовме како седи со сега осудените.

-Не може за Шекеринска да нема ниту распит, ниту обвинение, а постојат сомнежи за одредена поврзаност, кои треба да се доистражат до крај, а Уставобранителите да се во затвор. Народот е незадоволен за сета неправда што се случува, за неспособноста, криминалот и мафијата која владеат. Плод на неправда се и осудените за 27 април, на кои според досега воспоставената пракса треба да им се овозможи правдина.