Од нив 824 се на инфективните оддели и во ковид-центрите низ државата, а 598 лежат во болниците во Скопје. Има околу 520 празни болнички кревети во целата држава, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 116 пациенти, во Штип 68, Тетово има 37 пациенти, Велес 86, Куманово 93, во Охрид се хоспитализирани 95, Прилеп има 88, Гостивар 27, во Струга се 20 на болничко лекување. Во болницата во Струмица има 59 ковид-пациенти, во Кочани 36, Кичево 30, Кавадарци 50 и во Гевгелија 19 хоспитализирани лица позитивни или сомнителни на вирусот.

На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 598 пациенти и голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа се хоспитализирани 28 нови пациенти – на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми во изминатото деноноќие и сега таму се лекуваат 235 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има седум нови, а се лекуваат вкупно 130 болни, пет пациенти биле примени на Инфективната клиника каде што вкупно се хоспитализирани 143.

Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле во изминатите 24 часа бил примен еден болен, а има вкупно 32, на Клиниката за детски болести се примени двајца нови и се лекуваат седум деца и четири мајки.На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 39 болни, а во изминатото деноноќие имало еден прием. На Гинекологија има пет позитивни пациентки.

Министетството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти. Наведува и дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места во главниот град.

– По направени исписи на оздравените пациенти, во текот на денот се очекува да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, информира Министерството за здравство.