Анго Ангов градоначалник на Дојран и Марјан Василев градоначалник на Василево се фатени и документирани како вршеле поткуп за време на минатогодишните избори. Ангов и Василев требаше до сега да имаат завршен случај, а тие наместо како кандидати да се јавеа на главна капија во Идризово.
Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски може не се истакнал колку своите колеги Ангов и Василев, но затоа се истакна во лажење.
Смилевски вети и не направи водовод во Љуботен. 4 години подоцна од локалните избори во 2017 година, Љуботен е уште без вода.
Бутелчани се лекуваат во поствоени бараки. Смилевски вети поликлиника, а луѓето уште газат во кал кога ќе заврне дожд и сакаат да идат на лекар.
Смилевски вети многу, а не направи ништо. Наместо за градоначалник нека конкурира за пинокио, можеби затоа ќе го изберат, зошто за градоначалник не поминува.
Време е кадрите како Ангов, Василев и Смилевски да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.