Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со ПР за лажни вести? Прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Спасов од Рејтинг во ек на власт на СДС доби одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати. Фотоволтаичната централа на Спасов може да генерира приходи и до половина милион евра годишно. Во времетраење од 20 години фотоволтаичната централа на Спасов може да сврти и до 10 милиони евра. Дали фотоволтаичната централа со која Спасов се стекнал во време на СДС е причина за неговото одработување и ПР на креирање на лажни вести кој тој им го пласира? Истакнуваат од владејачката партија.