Спасовски наместо во служба на народот очигледно е само во служба на мафијата. Откако на сомнителен тендер, со многу жалби и нарушување на постапката, беше одлучено набавката за набавка на регистерски таблици да се додели на фирма која не располага со сертификат од Меѓународно акредитирана лабораторија, кој потврдува дека регистарската табличка е во целост усогласена со меѓународните стандарди, таблички за возила нема. Иако Оливер Спасовски упорно ја лаже јавноста дека сите станици за технички преглед имаат добиено таблички за регистрација, ситуацијата на терен е сосема поразлична. И ако издавањето на лични документи за светските криминалци одеше беспрекорно, граѓаните се потешко доаѓаат до пасош или лична карта. Колапс во најава имаме и на систем за издавање на лични документи и тоа во очи на сезоната на летни одмори кога интересот за вадење документи е голем, а дополнително се очекува истиот да се зголеми со враќањето на иселениците. Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи, на голем број луѓе им се поместени термините, а голем број преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување. Хаосот со кој се соочуваат граѓаните не допира до Спасовски кој упорно тврди во јавноста дека проблем со издавање на документи и таблички нема. Спасовски да ги зајакне и екипира секторите и одделенијата кои пружаат основни граѓански услуги, изминативе 6 години за повеќе од тројно е зголемен бројот на негови советници и лица со измислени функции во МВР, со што само се вдомени партиски поддржувачи и ПР активисти. Граѓаните и нивната потреба од важечки личен документ, регистерска табличка или било каква дозвола која ја издава МВР е тотално небитна за Оливер Спасовски. Спасовски да си ја врши работата за која е платен од граѓаните. Народот не е должен да ја трпи неспособноста на СДСМ, истакнуваат од опозицијата.

4 години Заев, 4 години изгубен живот. Доста е!, додават од ВМРО ДПМНЕ.