Протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и тоа кај зградата на Нова Македонија, кај Парламентот и кај ТЦ „Мавровка“, како и во 10 други градови.
Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, најавувајќи го протестот изјави дека опозицијата не е информирана за преговорите со Бугарија.
Повикувајќи се на дипломатски извори, Мицкоски рече дека се преговарало за прифаќање на услови од првите пет поглавја односно каде што се опфатени јазикот, културата, традицијата, историјата, посебноста и тоа да влезе во патоказот.
Едно од можните сценарија, според него, е разговорите да продолжат по парламентарните избори во Бугарија и избор на политичка Влада.
Доколку не се даде тој документ на увид на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе и други активности, како институционални блокади и слично.