Владата на СДС и ДУИ, како за сите скандали досега, така и за овој поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не дава одговор.
Владата на СДС и ДУИ не дава одговор на многу јасни прашања.
Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски?
Зошто по три години продолжуваат да плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако истата услуга пред три години била 15, а сега 25 милиони евра?
Владата на СДС и ДУИ очигледно крие можен криминал.
Во меѓувреме, укажавме дека со парите за изборот на фирма за лиценци ќе се направеше нова клиника, ќе се обезбедеа пари за лекот Трикафта за стотината болни од цистична фиброза. За потсетување на критичните осум пациенти Владата одобри 2,2 милиони евра за Трикафта.
Практично со овие 40 милиони евра кои Владата сега ги дава на фирма која е избор на Рашковски, би можела да набави Трикафта за болните од цистична фиброза во Македонија.
СДС ја прави Македонија држава на скандали, држава во која граѓаните немаат доверба во здравството, правосудството! Граѓаните на избори ќе стават крај на ваквите политики!