Власта да прифати покачување на платите во јавниот сектор, пари има, нека престанат со крадење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат СДСМ и ДУИ да поддржат зголемување на платите во јавниот сектор.
-Работниците се во право кога протестираат и бараат поголеми плати. Предлогот за линеарно зголемување на платите е обврска за власта која настана со зголемување на минималната плата, и само така ќе се воедначат платите и ќе се постигне рамноправност, но и ќе се зачува стандардот на граѓаните, кој е нагризан од инфлацијата. СДСМ и ДУИ да се откажат од крадење и да ги пренасочат парите за поголеми плати. Наместо златен прибор, грантови за Заев и тендери во РЕК, парите можат да се пренасочат кај граѓаните, се наведува во соопштението.
Ако не се зголемат платите, работниците уште посилно ќе ги чувствуваат ефектите од кризата.
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува зголемувањето на платите. Партиите од власта да се охрабрат и да го поддржат и тие.