Грција воведе строги мерки за невакцинираните, сега порасна интересот за вакцините
Во Грција бројот на неделни вакцинирања со прва доза од вакцина против коронавирусот речиси се удвои откако владата се одлучи на построги мерки за невакцинираните лица.
Во првата недела од ноември повеќе од 40.000 луѓе ја примиле својата прва доза, според извештајот на весникот Катимерини објавен денес. Во последната недела од октомври таа бројка изнесувала околу 25.000 лица.
Од вчера на невакцинираните лица им е дозволена посета на јавните институции само ако имаат негативен тест. Ова се однесува и на посети на државните тела. Изземени се само супермаркетите и аптеките. Дополнително, невакцинираните работници мора да покажат барем два негативни теста неделно.
Мерките строго се надзираат. Владата распределила дополнителни 8.000 полицајци за оваа цел.
Според полицијата, имало околу 85.000 проверки во земјата само во саботата. Полицајците издале стотици казни, а неколку ресторани се привремено затворени. На невакцинираните гости без валиден тест им се наплатувале казни од 300 евра.