Припадници на МВР „паднаа“ на Скај комуникацијата на Шеваљ Муареми
Синоќа во полициска акција биле уапсени две лица кои се припадници на министерството за внатрешни работи и еден соработник на криминалната група Грчец. Според првичните неофицијални информации кои ги објави Слободен Печат тие се осомничени дека се „фатени“ на „Скај“ комуникацијата поврзана со Шеваљ Муареми кој во моментов уште е во бегство и недостапен за органите на прогонот.
Кој е Шеваљ Муареми и зошто се терети?
Шеваљ Муареми досега е познат за македонската полиција по повеќе афери. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности. Криминалната група од Грчец предводена од Шеваљ Муареми и убиените водачи на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами Оки и Јетон Кривањева Жила, според информациите кои во јануари годинава ги соопшти тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, се дека се товари за еден обид за убиство, убиство на албански државјанин како и двојно убиство во Топанско поле.
Муареми често патувал за Шпанија и Дубаи?
Муареми има 46 години, а според информациите кои кружат во јавноста тој честопати бил надвор од државава и покрај тоа што не е евидентирано дека ја напуштил државата. Неофицијално, тој често патувал за Шпанија и Дубаи. Тој честопати можел да се сретне во друштво на политичари кои најчесто биле од партијата ДУИ.