Дебарските полициски службеници привеле албански државјанин баран со меѓународна потерница.

– Во одделението за внатрешни работи- Дебар, по насоки на јавен обвинител, приведен и задржан е Б.М.(46) од Република Албанија. Тој се барал по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој информираше дека вчера во периодот од 7 до 11 часот на подрачјето на ОВР Дебар извршени се засилени полициски контроли при што полициските службеници санкционирале двајца возачи кои надвор од населено место ја пречекориле дозволената брзина.