Полициски службеници од СВР Велес синоќа го лишиле од слобода 35 – годишниот К.Р. од Велес, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и таблети,информира портпаролот Верољуб Додевски.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.