Мајка и две деца се повредени викендов во сообраќајка со четирицикл во тетовско село.
– На 01.08.2026 во 13:25 часот, во СВР Тетово од Итната медицинска помош Тетово е пријавено дека четирицикл излетал од патот во атарот на село Бозовце. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и утврдиле дека М.А. (43) од с. Шипковица со престој во Германија, управувајќи четирицикл, на кој како сопатници биле нејзините две малолетни деца, излетала од патот. Лицата се пренесени во Клиничката болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди, информираа од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Тетово
