Ирачките безбедносни сили соопштија дека разбиле две мрежи за шверц на дрога, уапсиле десет лица, меѓу кои пет арапски државјани и заплениле над шест милиони таблети Каптагон.

Околу 6,2 милиони таблети Каптагон се откриени и запленети од складиште во југозападен Багдад.

Каптагонот е стимуланс од типот на амфетамин речиси исклучиво произведен и консумиран на Блискиот Исток.