„Слободен печат“ го објави извештајот од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот на медицинската сестра од Дебар Јалдз, Веапоска, на којашто и беа извадени матка, бубрег и јајник, иако во струшката болница отишла само за да се породи.

Во изјавата што директорот и гинеколог во струшката болница, доктор Мухамед Асани ја дал пред членовите на Лекарската комора, навел дека родилката ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско.

Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот.

-Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија, пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници.

Целиот текст и фотографиите погледнете ги ТУКА.