Европската Унија не беше таа којашто ветуваше вакцини во декември, во јануари, февруари и март, туку тоа беше Зоран Заев, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

-Заев имаше прилика да набави вакцини уште пред неколку месеци, но си играше геополитика со здравјето на граѓаните. Заев имаше прилика да набави вакцини и пред неколку недели, но си играше трговец со неговиот познат принцип „евро за мене, евро за тебе“. Заев и СДСМ ги обвинуваат сите за вакцините, освен самите себе. Заев и СДСМ треба да одлучат од кого се повеќе разочарани, од ВМРО-ДПМНЕ или од ЕУ? На сите освен на Заев им е јасно – вистинската причина за разочарување е само неговата неспособност да го заштити здравјето на граѓаните, велат од опозицијата.