Тело на мртов маж од селото Мралино е пронајдено во канал во селото Марино, соопшти МВР.

-Вчера во 07.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канал во с.Марино, скопско, бил пронајден починат З.Т.(34) од с.Мралино, скопско. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јвен обвинител телото било дадено на обдукција во Институтот за судска медицина, велат од полицијата