Официјалните лица добија опомена за „недостиг на строгост во превенцијата и контролата на епидемијата“, се вели во соопштението на Комисијата.

Ксиан денеска пријави 49 нови случаи на заразени со коронавирус, а од почетокот на месецот бројот на новозаболени е зголемен на 250.

Властите наредија затворање на градот со 13 милиони жители во средата, еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.