Кина денеска соопшти дека е регистриран нов смртен случај од коронавирусот, прв во последните шест месеци.

Маж од Пекинг (87) починал од Ковид-19, покажуваат податоците на Државната здравствена комисија.

Претходниот смртен случај од оваа болест беше регистриран на 26 мај, така што бројот на починати од коронавирусот во Кина сега е 5.227 од почетокот на пандемијата во ноември 2019 година.

Кина денеска соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 24.215 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќето се асимптоматски.

Кина има висока стапка на вакцинација, и повеќе од 92 отсто од населението примиле најмалку една доза, но таа бројка е помала кај постарите лица, особено кај луѓето над 80 години, каде што процентот изнесува 65 отсто.

Здравствената комисија во Пекинг не даде информација за статусот на вакцинација на последниот починат.