МВР информира дека синоќа, во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба кумановскиот Основен суд, го лишиле од слобода кумановецот В.Г. (34).

Тој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“.

-В.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово Скопје за издржување на казната,соопштуваат од МВР.