Кувајтски медиум откри виртуелен презентер на вести создаден со помош на вештачка интелигенција, со планови за читање онлајн билтени.

„Fedha“ се појави на Твитер профилот на веб-страницата Kuwait News како слика на жена со откриена светла коса, облечена во црна јакна и бела маица.

Јас сум Fedha, првиот водител во Кувајт кој работи со вештачка интелигенција во Kuwait News. Какви вести претпочитате? Ајде да го слушнеме вашето мислење“, се слушна како вели таа на арапски јазик

Kuwait Times – кој се спои со Kuwait news во 2022 година – е основан во 1961 година како прв дневник на англиски јазик во регионот на Персискиот залив. Абдула Бофтен, заменик-главен уредник на публикацијата и веб-страницата, рече дека овој потег е тест за потенцијалот на вештачката интелигенција да понуди „нова и иновативна содржина“.

Тој додаде дека во иднина, Fedha би можел да го прифати кувајтскиот акцент и да презентира билтени за вести на Твитер профилот на страницата.

„Fedha е популарно, старо кувајтско име што се однесува на среброто, металот. Секогаш замислуваме дека роботите се со сребрена и метална боја, па ги комбиниравме двете“, рече Бофтејн.

Брзиот пораст на вештачката интелигенција на глобално ниво ги зголеми ветувањата за придобивки, како што се здравствената заштита и елиминацијата на секојдневните задачи, но и стравувањата, на пример, поради потенцијалното ширење на дезинформации и нејзините закани за одредени работни места и уметнички интегритет.