Центарот за управување со кризи информира дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено, од кои еден е изгаснат.

„Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, Кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен е ТППЕ Куманово.

Активен пожар има и во општина Крушево кај с. Јакреново. Гори сува трева и нискостеблести растенија. Екипа од ЈП Национални шуми подрачна единица Липа – Крушево е на местото на пожарот.
Пожарот над с. Радање на патот Штип – Плачковица е изгаснат. На терен превентивно остана екипа од ТППЕ Штип. Опожарена е нискостеблеста шума“, велат од ЦУК

Од таму се апелира до граѓаните при движење и престој на отворен простор или во шума да бидат исклучително внимателни бидејќи сосем мал пожар за миг може да прерасне во голем пожар и да ги згрози животот, здравјето и имотот на граѓаните.
„Благодарност до ангажираните пожарникари кои и на овој голем, празничен ден Илинден се борат против пожарите и се грижат за нашата безбедност“, додаваат од ЦУК.