Според податоците на управата од пополнетите прашалници на јавниот повик, меѓу фантомите најбројни се Роми – 428 , Албанци – 88 , Турци-20, а во останатите етнички заедни бројот е едноцифрен.
-Не загрижува податокот дека нема податок управата за водење на матични книги, а граѓанските организации известуваат за деца кои што во меѓувреме се родени и чие што раѓање не е запишано, не е започната постапка, така што и за нив дополнителниот упис ќе претставува проблем ако законот се ограничува со рокови, вели Васка Бајрамовска – Мустафа – Заменик народен правобранител.
Бајрамовска вели дека неажурноста на институциите и бирократијата дополнително го отежнуваат процесот на евидентирање и се меѓу клучните проблеми што овие луѓе се тука, а не постојат…
Законот предвидува неевидентираното лице да наведе адреса на живеење, а доколку ја нема, според истиот се евидентира на адресата на центарот за социјални работи. Матичната управа не располага со ваква информација, а нема податок ни за бројот на постапки кои што се во тек за упис, заклучно со април оваа година.