Почнувајќи од понеделник, сите граѓани коишто се пријавиле за вакцина ќе добијат термин за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.
-Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, по системот највозрасни, па помлади граѓани, сите ќе добијат термин во период од следните две недели, рече министерот Филипче.