Авион на приватна компанија со 22 лица исчезна денеска во Непал, соопштија претставници на авиокомпанијата и владата.

Малиот авион летал од туристичкиот град Похара, на околу 200 километри северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на околу 80 километри северозападно.

Официјален претставник на авиокомпанијата рече дека четворица патници се од Индија и дека има уште двајца странци чија националност се уште не е позната.