За Владата младите и понатаму остануваат приоритет на дејствување. Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкцијата на студентските домови, младинските додатоци и решавањето на дигиталната нееднаквост, се воведуваат нови мерки наменети за студентскиот стандард.

Во соработка меѓу повеќе владини институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, интензивно се подготвува студентска картичка со 20 отсто попуст. Оваа поволност ќе се реализира преку дигиталната апликација М-услуги, а студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади активно работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка. Целта на овие активности е континуирано проширување на можностите за младите и сеопфатно унапредување на дигиталните јавни услуги наменети за нив.

Преку ваквите мерки продолжува креирањето на системски решенија и создавањето подобри услови за студентскиот животен стандард во земјата.