Во нигериската покраина Адамави од колера заболеле речиси 2.000 луѓе, а 55 починаа. Владата во Абуџа соопшти дека врши итна испорака на лекови и други медицински материјали во покраината зафатена од епидемијата.
Во Нигерија е зголемен ризикот од колера поради недостаток на чиста вода и неефикасна медицинска интервенција. Во земјава се чести и епидемиски заболувања како што се маларија, детска парализа, тифус и мајмунски сипаници.
Колерата е заразна болест на тенкото црево предизвикана од бактеријата „вибрио колера“ (vibrio cholerae), а се шири преку консумирање на загадена вода, на морски животни, а се пренесува и од човек на човек. Вакцината против колера обезбедува само делумна заштита и затоа генерално не се препорачува.