По преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, вчеравечер во 22 часот во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат Б.С.(31) од Скопје.
-Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син Б.С.(31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.
