Настанот го орзанизираше матичната библиотека ,,Кочо Рацин” во соработка со љубители на пишаниот збор од Пехчево.
-Со литературно-поетско читање во нашата библиотека се одржа чествување на ликот и делото на великаните на македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин. Одбележавме 100 години од раѓањето на македонскиот поет, критичар, есеист, книжевник Блаже Конески и 113 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, како и 82 години од излегувањето на неговата стихозбирка „Бели мугри” на македонски јазик. Во нивна чест читателите на библиотеката презентираа стихови од нивното творештво, истакнаа од библиотеката.
Оттаму додадоа дека овој настан е меѓу последните во рамки на тековната година.
-Во делот на културните збиднувања во наша организација и годинава поради пандемијата, настаните ги организиравме со помал број учесници. До нова година планираме уште неколку активности со најмалите на кои сакаме да им ги честитаме празниците, додадоа од библиотеката во Пехчево.
Изразија надеж дека во 2022 година пандемијата ќе стивне со што ќе се зголемат можностите за организирање настани со поголем број учесници.