Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, во сервисната уличка што води од плоштадот кај Чинарот кон Градскиот пазар.

Пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово во Територијалната противпожарна единица, од каде веднаш на терен биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари, кои со брза интервенција го изгаснале пламенот.

Во пожарот нема повредени, освен настанатата материјална штета на објектот.

Според првичните непотврдени информации, причина за избувнувањето на пожарот е човечка небрежност.