Во пожар, што од засега непознати причини изби во надворешниот дел на спортска сала во Атина, целосно се уништени кутии со облека и покривки, дел од хуманитарна помош наменета за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот, што е ставен под контрола, интервенирале десет пожарникари со три возила.