Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија од влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд, над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец од над 60 километри на час.

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.