Менаџерот на Манчестер јунајтед, Маурисио Покетино, повика на единство по тешкиот домашен пораз од Брентфорд со 0:4.

„Црвените ѓаволи“ веќе десет првенствени натпревари немаат победа и се соочуваат со сериозна опасност да го завршат тековното коло на последното место на табелата.

„Нема ништо позитивно во пораз од 0:4. Мора да останеме обединети и да се обидеме да ја поправиме ситуацијата“, порача Покетино.

Тој се осврна и на самиот почеток на натпреварот и падот во играта на неговиот тим по примениот погодок.

„Првите 20 минути игравме добро и ја контролиравме играта, но по примениот гол почнавме да носиме погрешни одлуки“, изјави Покетино.