Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова информираше дека со новиот случај до денеска во штипските основни и средни училишта потврдени се вкупно девет ученици позитивни на Ковид 19, а во изолација се вкупно 78 ученици.
– Состојбата со градинките во Штип е стабилна и немаат случаи на заразени деца, додека во штипските текстилни конфекции има изолирани случаи. Работниците со вирусот се заразиле во домашни услови и во конфекциите нема поголема група на работници, кои покажале позитивен тест, вели Димитрова.
Во штипскиот регион во моментов активни се 222 лица, а најголем процент од нив се над 60 години.