Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири за возење под дејство на алкохол.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.