За возење без возачка дозвола изречени се 23 мерки, информираа денеска од МВР, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 прекршоци што ги чинат пешаците, 36 за непрописно паркирање.
– Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), стои во соопштението од МВР.