Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилената акциска сообраќајна контрола на територија на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции.
Од МВР инфромираат дека 17 санкции се за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
– Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, 64 за непрописно паркирање, соопштија од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.