Покрај тоа, како што информира МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохоли пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за не користење сигурносен појас, осум мерки за не давање првенство на минување на пешаци, 37 за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.