Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 27 санкции за непрописно паркирање и три санкции за минување на црвено светло, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведоа дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додадоа од МВР.