Полициски службеници од СВР Скопје денеска од 12 до 18 часот спровеле засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на Скопје, при што санкционирани се 82 возачи.
Од МВР во денешното соопштение најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.