„Ќе предложиме вакцинацијата со оваа вакцина да се обезбеди само по експлицитно барање и со потпис на лицето“, рече Поклукар на прес-конференција, не исклучувајќи ја можноста да се направи слично решение за AstraZeneca поради несаканите последици.
Причината за смртта на 20-годишната Катја од Љубљана, која починала кон крајот на септември, несомнено била поврзана со вакцинацијата против Ковид-19 со векторската вакцина Џонсон и Џонсон, утврдила специјалната лекарска комисија формирана веднаш по трагичниот инцидент , додавајќи дека одлуката на сите пет членови на комисијата била едногласна. Во словенечката јавност ваквата одлука била очекувана со оглед на тоа што се работело за помладо лице кое немало никакви коморбидитети.
Младата Словенка починала во болница кон крајот на септември, помалку од две недели откако била вакцинирана, од ефектите на згрутчување и крварење во мозокот. По прегледот на документацијата, комисијата констатирала дека нејзиниот третман во болница по итниот прием бил соодветен и дека направиле се` за да ја спасат и дека немала никакви индиции против вакцинација пред примање на вакцината.
Ова е втора потврдена смрт како директна последица на формирање на згрутчување и крварење во мозокот, кое следело по смртта, откако сличен смртоносен исход оваа пролет констатирала комисијата кај помлада жена, сопруга на словенечки дипломат, оваа година. Таа исто така починала откако била вакцинирана со Џонсон и Џонсон.
Словенечката влада испратила законско решение до парламентот, според кое лицата кои доживеале тешки здравствени последици по вакцинацијата може да добијат отштета до 60 илјади евра, а роднините на починатите до 10 илјади. За ова наскоро треба да одлучи парламентот како дел од правниот „анти-корона“пакет.