Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Вообичаено секој последен четврток во месецот во Собранието се одржува седница за поставување пратенички прашања.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Пред седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи брифинг со акредитираните новинари.