Во цела 2021 имало девет тешко повредени лица.
За 25-те дена од јануари тетовската полиција бележи девет сообраќајки во кои непосредно учествувале пешаци, при што шестмина имале тешки телесни повреди, а седум телесни повреди. Статистиката во одделението за аналитика при СВР Тетово за 2021 година бележи тројца пешаци кои го загубиле животот, девет со тешки телесни повреди додека 53 лица со телесни повреди.
– Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите редовно да ја намалуваат брзината пред училишта, јавни установи и пешачки премини и задолжително да им даваат предност, односно првенство на пешаците. На пешаците им се советува да бидат максимално внимателни кога се движат, посебно по улици и патишта на кои нема обликувани тротоари, да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и целосно да ја почитуваат светлосната и друга сигнализација, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
За возачите сообраќаен прекршок за непропуштање на пешаци значи соочување со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Кај пешаците непридржувањето кон препораките значат глоба од 20 до 50 евра во денарска противвредност.